Многу жени не можат да ослабнат и покрај тоа што држат диети и редовно вежбаат, а не се ниту свесни дека проблемот може да лежи во следните причини
Дебелината не се однесува и не е само едноставен вишок килограми. Оваа здравствена состојба крие многу работи, а причините за здебелувањето не е само лошиот начин на исхрана.
Прекумерената тежина и нарушениот сон се само дел од проблемите кои се појавуваат при нарушената функција на надбубрежните жлезди.
Во организамот на човекот, постојат две надбубрежни жлезди, односно соодветно со бројот на бубрези. Иако не се видливи, нивната улога е од исклучителна важност.
Доколку имате проблем со овие жлезди, тоа е индикатор дека вашето тело се наоѓа под огромен стрес, при што поради таа причина, најчесто лекувањето на овој тип на здравствена состојба се третира на погрешен начин.
За таа цел, потребно е во текот на целата година да ја следите состојбата на вашите надбубрежни жлезди и да утврдите дали се присутни некои од следните симптоми.
Симптоми кои алармираат дека нешто не е во ред со вашите хормони
Се случува, некои жени и покрај правилната исхрана, активниот начин на живот и немањето лоши навики, често да се чувствуваат уморни и надразнети, да не можат да симнат ниту еден килограм, односно воопшто да не можат да ослабнат и да страдаат од честа главоболка.
Сите овие симптоми водат до едни мали, но доста важни жлезди за внатрешното лачење, кои го контролираат нивото на важните хормони. Станува збор за токму за надбубрежните жлезди.
Од што се разболуваме, кога надбубрежните жлезди не функционираат правилно
Нарушувањето во функцијата на овие жлезди се забележува во подоцнежните етапи на исцрпеноста и намалувањето на нивото на хормоните на надбубрежните жлезди. Во многу случаи, стабилизирањето на нивната функција бара долготраен третман, па дури и операција.
Многумина штом ќе слушнат за хормон, веднаш помислуваат на штитната жлезда. Но, оваа жлезда не е единствената која е одговорна за хормонското ниво во нашиот организам. Надбубрежните жлезди се причината за зголемување на нивото на хормонот кортизол т.е хормонот на стресот, а еве што се случува со нашето тело кога неговото присуство е вишок во организамот:
1. Телото навлегува во состојба на паника. Општата здравствена состојба се карактеризира со анксиозност, нервоза, неспособност да се справи организамот сос стресот, нетрпеливост и надразнетост. Исто така, многу луѓе кои страдаат од нарушена функција на надбубрежните жлезди се соочуваат со ирационален страв.
2. Често чувство на зашеметеност и главоболка- тоа може да биде резултат на високото ниво на кортизол и недостаток од доволно количество на натриум. Се создава чувство на треперење без конкретна причина.
3. Прекумерено потење во текот на зимскиот период, треперење на рацете.
Доколку надбубрежните жлезди не функционираат правилно, не постои чудесно апче кое веднаш би го решило проблемост. Наместо тоа, потребно е:
- Зголемување на физичката активност и практикување медитација
- Постојано вложување труд за зголемување на смиреноста и игнорирање на ирационалните стравови
- Правилен начин на исхрана кој ќе ги регулира хормоните
- Во краен случај, операција би било решението за нормализирање на функцијата на надбубрежните жлезди.
Истовремено, потребно е да се спомне дека при нарушена функција на овие жлезди, кожата станува исклучително сува, а воедно и луѓето кои имаат здравствени проблеми со надбубрежните жлезди, се соочуваат со огромен апетит и чувство на глад. Тоа ги тера постојано да се консумираат храна, без да внимаваат на линијата.
Тоа пак доведува до вишок килограми и проблеми со стомакот кои се манифестираат со гадење, повраќање, опстипација, дијареја и појава на стомачни киселини.
Нарушената надбубрежна функција е пропратена и со секојдневно чувство на замор, а кај некои жени може да се јават и нарушувања при менструалниот циклус.
Токму ваквите појави, нарушувањето во хормоните, менструалниот циклус и стресот, кои се резултат на нарушената функција на надбубрежните жлезди може да биде причината зошто и покрај целиот ваш труд, не не успевате да ослабнете ниту килограм.