Модар патлиџан со сирење и јајца
Потребни состојки:
3 модри патлиџани
200 гр кравјо сирење
150 гр кашкавал
3 јајца
1 лажица лебни трошки
200 мл доматно пире
1 лук
1 лажичка црвен пипер
магдонос
масло
сол
Начин на подготовка:
Исечкајте ги модрите патлиџани на тркалца, посолете и оставате да се исцедат. Потоа малку испржете ги.
Во посебен сад изрендајте го сирењето и измешајте го со јајцата и лебните трошки.
Во тава редете – ред модар патлиџан, ред сирење, треба да се заврши со модар патлиџан.
На крај ставете го доматниот сос, претходно пропржен (10 минути) во малку масло со лук и сол.
Посипете со бибер, додадете сечкан магдонос. Завршете со рендан кашкавал.
Ставете го јадењето во загреана на 180 степени и печете околу 15-20 минути.