Модна комбинација за лето 2017, со која нема да згрешите!
Белите фармерки се незаменлив дел од пролетно – летната гардероба.
Ако сѐ уште немате, веќе е време да си купите и да ја освежите својата визија. Изберете најпогодни за вашата фигура. Не плашете се да ги носите , тие се навистина модерни за топлите месеци.
Добро е што се многу практични. Бидејќи се бели, може да ги комбинирате со различни бои, а бидејќи се фармерки – може да го носите во секакви прилики.
Ви нудиме неколку предлози кои ќе Ве инспирираат да ги извадите белите фармерки од гардероба.