Модната кариера ѝ траела 4 недели: Како изгледаше животот на првиот супермодел во светот
Нежната девојка со машка фризура, по име Твиги, стана првиот супермодел во светот, која потекнуваше од работничката класа, а стана заштитно лице на 1960-те години.
Некои ја обожаваа, други ја мразеа, обвинувајќи ја дека таа ја започна генерацијата на анорексичните. Работеше во модниот свет само 4 години, а потоа се „пензионира“ и започна друг вид на кариера.
Издаде музички албум и глумеше во бројни филмови, при што дури и освои два Златни глобуси. Со нејзиниот живот како од приказна, таа докажа дека необичноста не е само во нејзиниот изглед.
Сè започна со една фризура
Пријателката Џастин ја одвела Лесли Хорнбај (Твиги), која тогаш била непозната девојка за светот, кај најпопуларниот фризер Леонард, кој барал манекенка која би сакала да направи промена во својот изглед. „Нејзината коса беше долга, валкана и никаква кога Џастин ја донесе. Имавме долга дискусија што да правиме со истата“- се присетува Леонард.
Фризерот ја бојадисал косата на Твиги и ја скратил во машки стил, односно долгата коса ја трансформирал во ексцентрична пикси фризура. Еден од клиентите на славниот фризер, бил модниот директор на Дејли Експрес, кој, кога ја здогледал фотографијата од Твиги, прашал која е таа девојка. За кратко, Твиги била контактирана и по само 3 недели, популарното списание ја објави синооката срамежлива блондинка, при што ја нарече „Лицето на 1966-та“.
Една година подоцна откако нејзината кариера започна, Твиги дебитираше ви култните списанија Вог и Татлер, а фотографите ја обожаваа поради нејзиниот уникатен и невообичаен изглед.
Твиги стана првиот светски супермодел и првата манекенка која доби своја восочна фигура во реномираниот музеј Мадам Тисо, а нејзиното име веќе на сите им беше познато.
Моделот кој не сака чевли со високи потпетици и мини сукњи
Доаѓајќи од работничка класа и сиромашно семејство, при кое нејзините родители имале сосема обични професии. Нејзината мајка се занимавала со градинарство, а нејзиниот татко со поставување и продажба на теписи.
За самата Твиги славниот живот бил голем предизвик со кој не знаела како веднаш да се справи, бидејќи никогаш не живеела луксузно, а воедно имала само 16 години.
Таа воопшто не го сакала ниту начинот на облекување на стандардните манекенки, кој се состоел од мини сукњи и чевли со високи потпетици. Таа ја претпочитала удобноста, слободата и скромната женественост, а набрзо дизајнирала сопствена модна линија на фустани, кои биле препознатливи во живите бои и впечатливите шари.
Од супермодел, набрзо името Твиги стана и препознатлив бренд.
Зошто девојката со немоделски изглед стана заштитно лице на 60-те години?
Откако за кратко време се прослави, луѓето веќе беа хипнотизирани од нестандардната убавина на Твиги. Таа едноставно се издови од толпата и тоа ги воодушеви луѓето.
За потребите на својот уникатен изглед, таа носеше дури 3 пара на лажни трепки и имаше слаба фигура, што беше нетипично за тој период, кога манекенките беа препознатливи по своите облини.
Во една прилика, Твиги добила комплмент дека има убаво лице, но дека сепак не е Мерлин Монро. Токму тие зборови ја поттикнале манекенката да размислува за својата иднина и тоа ја мотивирало да започне да пее и глуми, каде го докажала својот извонреден талент.
Личен живот
Таа најпрво долги 7 години се забавувала со својот менаџер, но ја искористил, бидејќи со нејзините пари се честел самиот себе и си купувал луксузни автомобили и работи.
Нејзиниот прв сопруг Мајкл Витни имал проблеми со алкохолот, а 6 години подоцна, тој починал од срцев удар. Заедно имале 1 ќерка.
Во 1984-та година го запозна Леј Ловсон и иако започнале да се гледаат, Твиги воедна од претходните искуства, воопшто не сакала да брза. Четири години подоцна, стапиле во брак и денес бројат 30 години заеднички живот.
Животот не завршува по 60-та година
Твиги учествува во повеќе бизниси и има модни соработки со бројни брендови. Покрај облека, дизајнира и ентериер, козметички производи, па дури и очила. Воедно, активно е вклучена во хуманитарните кампањи и се бори за правата на животните.
Иако луѓето велеа дека во модниот свет ќе биде присутна само 2 недели, дури ни после половина век, нејзината слава и улога не исчезнаа.
Оваа година, Твиги доби орден од британското кралско семејство поради нејзините заслуги во модата, уметноста и хуманитарните цели. Принцот Чарлс беше оној кој лично ја додели оваа награда.