„Моите дома не обожаваат посно, но на ова манастирско јадење со компири едноставно не можат да му одолеат“
За време на пости, може да биде навистина тешка мисија да се постигне кулинарска разнообразност на трпезата. Затоа денес ви претставуваме рецепт со кој ќе го збогатите вашето посно мени.
Вкусен рецепт со компири на манастирски начин
Потребни состојки
- Половина кг компири
- Половина кг кромид
- 2 моркови
- 4 месести пиперки
- 1 страк магдонос
- 2 супени лажици суви зачини по ваш вкус
- 2 супени лажици брашно
- Сол и мелен црн пипер по ваш вкус
Начин на подготовка
Излупете ги компирите и исечете ги на коцки, полејте ги со вода, колку истата да ги покрие, а потоа поставете ги да се варат и оставете ја водата да зоврие. Следно, додадете ги исечените кромид, моркови и пиперки.
Оставете го сето да се вари на умерен оган, до омекнување на состојките. Измешајте го брашното и мелениот црн пипер во малку вода, до добивање каша, а потоа истата додадете ја кон останатите состојките и добро измешајте.
Додадете зачини и сол по ваш вкус, а потоа отстранете го јадењето од оганот и додадете одзгора прстофат ситно исечен магдонос.
Пријатен апетит!