„Мојата баба и на 80 години имаше долга и густа коса- Не е само ген, еве со што ја миеше за да расте како луда“
Најверојатно сте забележале на старите пожолтени фотографии дека во минатото, бабите имале навистина долга и густа коса.
Денес, за разлика од тогаш, употребуваме бројни средства кои и не се толку корисни за нашата коса, бидејќи во поголемиот дел од времето, повеќето ја оштетуваат, отколку да ја подобруваат.
За таа цел, како да го негувате и зајакнете здравјето на вашата коса, денес ви претставуваме стар бабински рецепт за здрава и блескава коса.
Стар бабински рецепт за совршена коса
Потребни состојки
- 1 супена лажица тегавец
- 250 мл вода
Начин на подготовка и употреба
Додадете 1 супена лажица тегавец во 250 милилитри врела вода и оставете смесата да се вари дополнителни 1-2 минути. Потоа, почекајте да се излади.
Со помош на памучен туфер за шминкање, нанесете ја добиената смеса со триење во корените на вашата коса. Добро исчешлајте ја косата и оставете го растворот да дејствува 1-3 часа.
На крај, измијте ја вашата коса со шампон, на вообичаениот начин. Практикувајте го третманот еднаш неделно, најдобро во текот на викендот.