„Мојот син ми го сврте животот наопаку, па одлучив нашето секојдневие да го претставам преку 20 искрени и смешни стрипови“
„Здраво! Моето име е Луба Собол. Јас сум уметница и воедно, млада мајка од Русија. Започнав да цртам стрипови, инспирирани од моето секојдневие како мајка, кога мојот син имаше 9 месеци. Тој е моето прво дете и воопшто немав идеја дека да се биде мајка е толку тешка работа! “
Младата и креативна мајка веќе ги воодушеви сите со својата урнебесна уметност, за која многу мајки се согласуваат дека е вистинската, а не нашминката реалност.
Еве што вели уметницата за инспирацијата што ја поттикнала да ги создава уникатните стрипови:
„Но, всушност тајната се состои во тоа што може да се забавувате, па дури и кога вашиот живот е свртен наопаку од еден мал човек. Кога еднаш ќе се вовлечете во дневната рутина, најдоброто нешто што можете да го направите е да се смеете. Јас се смеам во сите можни ситуации, а тоа ми помага да бидам успешен морнар низ бурното море наречено мајчинство.
Сега мојот син има 3 години, па сега на сите ни е полесно. Не морам да го држав во раце 24/7, може сам да си игра.
Моите стрипови се инспирирани од вистинските случки што се случиле во нашето семејство. Интересно ми е да видам дека многу мајки се пронаоѓаат во истите.
Можеби и вие сте ги доживеале истите случки. Се надевам дека ќе уживате моите дела!“