„Мојот сопруг на потешкиот начин научи зошто жените изневеруваат“
Марина е блогерка која од време на време пишува на сајтот YourTango. Овој пат, напиша текст посветен на нејзиниот брак, поточно на причините поради кои го изневери својот сопруг.
Во текстот, Марина открива како тогаш се чувствувала и како се чувствува денес, а во продолжение следува нејзината брачна исповед:
„Како можеш ова да ми го направиш, да ни го направиш нам. Која си ти и за кого јас се оженив?“- врескаше сопругот на цел глас, со солзи во очите, кога дозна дека имам љубовник.
Во текот на целото тоа време, јас само стоев и треперев пред него, бев во шок и без зборови и воопшто немав идеја што да направам. Сега кога размислувам за тој момент, сфаќам дека што и да кажев и што и да направам тогаш, немаше да го смири. Неговата љубов кон мене се претвори во омраза- во неговите очи јас станав чудовиште.
Кога заврши нашиот брак, низ умот ми минуваа секакви мисли: Зошто? Зошто го изневерив? Зошто му направив такво нешто на човекот кој е внимателен, забавен и дарежлив. Никогаш ништо лошо не ми направил.
Доколку ме осудите, додека го читате ова, сосема ќе разберам. Тоа е човечката природа. Но, верувајте ми, никој повеќе не ме критикуваше, колку јас самата. Но, сега во потполност разбирам зошто жените изневеруваат.
За жал, сега и мојот сопруг го разбира тоа. По многу размислување, сфатив дека тој сам ме натера да го разочарам, при барањето на лажна среќа. Во моментот кога го изневерив, јас ја барав среќата надвор од нашиот брак, мислејќи дека сите мажи на овој свет постојат за да ме усреќат мене. Верувам дека тоа тогаш го мислев бидејќи не бев среќна во бракот со мојот поранешен сопруг. Но, всушност љубовната афера мене ме направи уште понесреќна.
Сега, кога спаѓам во групата на жени кои ги изневериле своите сопрузи, знам дека со изневерувањето јас всушност бегав од самата себе и сега знам дека сама сум одговорна за својата среќа и несреќа. Мојата среќа не беше ничија должност- само моја.
Сокривав сè, наместо да бидам искрена. Верувам дека бев лош човек, бидејќи сопствениот сопруг веќе не ме привлекуваше, а јас не можев отворено да му го кажам тоа. Наместо да му го кажам тоа, јас станав „лош човек“ и го изневерив. И повторно молчев. Молчев бидејќи сметав дека никој нема да ме сака како што ме сакаше тој. Мојата потреба не беше грешна, туку моите постапки.
Кога имав љубовни афери, тогаш во нашиот брак страста беше мртва. Сакав тој да ме посакува, но врската ни падна во замката на секојдневието и во неа немаше никаква забава. Сакав да се ослободам од таа монотонија и решив да постапам себично, да го разочарам.
Имав можност, можност за избор, но јас одлучив да тргнам по пат по кој бев сигурна дека решението е да имам љубовна афера.
Затоа ги советувам сите жени, кои се на работ да го изневерат својот партнер, најпрво и подобро да размислат што ќе добијат со тоа. Ако ја барате среќата, јас ви гарантирам дека нема да ја најдете, бидејќи среќата е избор, таа е во вас.
Денес не жалам за тоа што го направив, туку за болката што ја предизвикав. Сопруг со разводот, воедно ми го даде и најдобриот подарок- можност да ја пронајдам среќата, која се сокрива во мене.“