Моќен диетален коктел кој ќе ви помогне за 15 дена да симнете до 4 килограми
Несаканите вишок килограми се вечна дилема и проблем на милион дами ширум светот, а понекогаш предизвикуваат голема нервоза кога ни е потребно побрзо да ги добиеме посакуваните резултати. Токму следниот моќен диетален коктел ќе ви го овозможи тоа!
Моќен домашен коктел за брзо и ефикасно слабеење
Потребни состојки
- 1 супена лажица брашно од хељда
- 1 кафена лажица мед
- 200 мл кисело млеко со масленост до 2.5%
- 1 грст сомелен ѓумбир
Начин на подготовка и употреба
Измешајте ги сите состојки заедно и складирајте ги во стаклен сад. Добиената смеса складирајте ја во ладилникот во текот на една ноќ. Следниот ден, извадете ја смесата од садот и оставете ја да се затопли на собна температура.
На празен стомак, најпрво, консумирајте чаша топла вода со лимон, а по 20 минути, консумирајте го диеталниот коктел. За видливи резултати, потребно е третманот да трае 2 недели. По 2 недели, потребно е да направите пауза и да продолжите да се храните здраво.
Зошто овој коктел е ефикасен?
- Мед: Го спречува развојот на некои штетни микроорганизми, го храни телото со потребната енергија и го чисти организамот од токсини.
- Хељда: Го збогатува телото со витамини, минерали, хранливи влакна, нишесте, здрави масти и моносахариди.
- Ѓумбир: Го нормализира количеството на примени хранливи вредности, го подобрува варењето на храната, го намалува производството на хормонот кој го активира гладот и кој е главен виновник за зголемување на телесната тежина.
- Кисело млеко: Ја прочистува цревната микрофлора, ја подобрува функцијата на дигестивниот тракт и ги активира сите потребни елементи неопходни за нормализирање на дигестивниот систем и организамот.