Моќен напиток кој ќе ви помогне да го спречите враќањето на килограмите и масните наслаги по завршената диета
Доколку некогаш сте држеле диета, најверојатно веќе знаете дека најтешкиот дел е по завршувањето на истата да ја одржувате истата тежина т.е да не ги вратите изгубените килограмите.
Многумина за краток временски период се враќаат на нивните стари навики на исхрана и набрзо се враќа вишокот килограми и масни наслаги.
За таа цел, за да го избегнете овој чест проблем со кој се соочуваат речиси сите оние кои држат диети, денес ви откриваме ефикасен рецепт за моќен напиток кој ќе ви помогне да ги задржите резултатите од вашата диета и килограмите нема да се вратат.
Моќен зелен напиток кој се бори против „јо-јо“ ефектот на диетите
Потребни состојки
- 2 супени лажици магдонос
- 2 супени лажици копар
- 1 страк целер
- 1 чаша обезмастено кисело млеко
Начин на подготовка
Измијте ги листовите и стеблото на целерот, исечете ги на парчиња, поставете ги во блендер и сомелете ги до добивање на мазна смеса. Потоа додадете го и магдоносот и копарот, а следно, во добиената смеса додадете го и киселото млеко и вклучете го блендерот да работи уште дополнителни неколку минути, додека состојките се добро соединат.
Зошто овој напиток е ефикасен?
Враќањето на килограмите може да биде спречено со неутрални напитоци богати со флавоноиди кои помагаат во согорувањето на масните наслаги, а се содржат во разни плодови и зеленчуци.
Еден од најмоќните флавоноиди е апигенин, кој најмногу е застапен токму во магдоносот и целерот.