Моќен напиток со ароматичен вкус за експресно топење на масните наслаги околу стомакот
Со многу малку калории, ѓумбирот е ароматичен и пикантен, кој притоа има моќни антиоксидантни својства кои значително го забрзуваат метаболизамот. Лукот има антивоспалителни својства и е богат со витамини и минерали.
А што се однесува до чудесното кисело млеко, истото е богато со хранливи својства кои неверојатно многу ќе го подобрат метаболизамот, ќе ве заситат и ќе ви помогнат да ја добиете посакуваната фигура.
Комбинирани заедно, овие состојки создаваат еден моќен напиток, кој ќе ви помогне експресно брзо да ги стопите масните наслаги и вишокот килограми и притоа ќе ви помогне да ги спречите гасовите.
Моќен напиток за експресно слабеење
Потребни состојки
- 6 чешниња лук
- 2 цм корен од ѓумбир
- 1 сува црвена чили пиперка
- Половина кафена лажица семиња од кумин
- Половина кафена лажица масло
- 3 шолји кисело млеко
- 2 чаши вода
- 2-3 супени лажици кокос, за по пријатен вкус
Начин на подготовка
Во тава загрејте го маслото, а потоа додадете ги семињата од кумин. Оставете ги да се готват. Следно, додадете ги изренданиот ѓумбир, лукот и сомелената чили пиперка. Гответе минута време, а потоа исклучете го оганот.
Добиената смеса префрлете ја во блендер или изматете со миксер. Додадете ги кокосот, солта и малку кисело млеко. Добро сомелете и измешајте ги сите состојки заедно, до добивање соединета смеса.
Добиената течност исипете ја во сад, а потоа додадете го и преостанатото млеко. Додадете вода и добро измешајте. Вашиот напиток веќе е готов!
Може веднаш да го консумирате или да го складирате во ладилникот и да го пиете изладено и кога и да посакате.