Само замислете, паметен часовник со кој може да правите сето она што го правите веќе и на вашиот паметен телефон, да го измерите вашиот пулс, да ја следите здравствената состојба и квалитетот на сонот.

Покрај од здравствен аспект, паметен часовник кој ќе ви помогне веднаш да го пронајдете вашиот автомобил на паркингот, а покрај тоа часовник кој секојдневно може да има различен дисплеј, за да одговара на вашата дневна модна комбинација.

Тука не ги ниту споменуваме вообичаените функции како читање на мејлови, навигација, висококвалитетна камера и пристап до сите социјални мрежи.

Токму сето ова што навидум изгледа како нереална фантазија, компанијата Самсунг го претвора во чиста реалност.

Станува збор за изумот наречен Galaxy Watch Active2, кој се карактеризира со огромен екран, што го прави неверојатно лесен за користење. Со бројни вградени сензори, овој паметен часовник ќе ви помогне полесно да го организирате вашиот фитнес ден, вашето дневно мени, а притоа сензорите ефикасно ќе го следат вашиот сон, срцев ритам, па дури и нивото на стрес.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=5&v=ikZ-Uvrc6-M&feature=emb_logo