Моќна домашна смеса за целосно празнење на цревата, слабеење и елиминирање на вишокот течност
Многу луѓе често страдаат од опстипација и подуеност на стомакот, поради секојдневниот начин на живот и разните фактори на влијание како што се прекумерениот стрес, возраста, одредени лекарства и слично, а не постои подобар начин од природниот за да се реши овој проблем.
Моќно природно средство за прочистување на цревата
Потребни состојки
- 1 шолја суви сини сливи
- 1 шолја урми
- 5 шолји врела вода
Начин на подготовка и употреба
Исечете ги сливите и урмите (без семките), а потоа додадете ги во врелата вода, во тенџерето и така поставете ги да се варат. Потребно е да се добие конзистенција како на слатко. Доколку е правилно приготвено, ќе добиете околу 20 супени лажици домашно слатко.
Може да го консумирате намачкано на парче полнозрнест леб со кисело млеко или пак да го јадете само така, како слатко.
Зошто ова средство е ефикасно?
Одговорот е многу едноставен – сливите содржат високо количество на хранливи влакна и сорбитол т.е природниот шеќер кој ги омекнува цревата и ја ублажува опстипацијата.