Моќниот појадок кој ја заменува секоја диета: Го правите навечер, го консумирате наутро и слабеете без труд
Безброј пати сме зборувале за здравиот начин на исхрана и сме пишувале рецепти за диетални јадења, но денешниот рецепт е со двоен ефект.
Станува збор за појадок кој ќе ви помогне лесно да го контролирате чувството на глад до самиот ручек и еве кои здравствени придобивки ги носи истиот:
- Го поттикнува слабеењето
- Го зајакнува имунитетот
- Помага на телото лесно да се справи со бактерии и вирусни инфекции
- Ја подобрува состојбата на косата
Во продолжение прочитајте како едноставно да го приготвите оброкот.
Здрав појадок за слабеење и разубавување
Потребни состојки
- 2 супени лажици овесни снегулки
- 1 шолја (250 мл) нискомаслено кисело млеко
- 1 кафена лажица какао во прав
- 1 кафена лажица сомелено ленено семе
- 5-7 суви сини сливи
- 100 мл вода
Начин на подготовка
Пригответе го оброкот претходната вечер, а веќе следното утро насладете се на неговиот вкус и моќниот ефект.
Полејте ги сините сливи со врела вода, покријте го садот и оставете ги сливите така да отстојат 10 минути.
Одделно измешајте ги овесните снегулки, какаото и лененото семе. Следно, додадете го и киселото млеко и добро измешајте ги повторно сите состојки заедно.
Прецедете ја водата од сливите и истите исечете ги на ситни парчиња. Сите состојки додадете ги во блендер и измешајте до добивање на една соединета смеса.
Доколку редовно го консумирате овој појадок, по само неколку дена ќе ги почувствувате лековитите придобивки.