Моќно оружје против процесот на стареење
Оризово масло е богато со природни антиоксиданси и е моќно оружје против процесот на стареење.
Во Јапонија и Тајланд, каде жените се грижат за убавината и младоста на кожата, тоа е меѓу најпопуларните “антиејџ” средства.
Оризово масло има својство да ја навлажнува кожата, ја подмладува и штити од штетните UV зраци.
Се користи како база за креми за лице, креми за сончање, козметика, како и за масажа.
Иако е со густа текстура – тоа се нанесува со леснотија.
Го има во некои маски за коса, затоа ја потхранува косата и ја прави мазна.
Застапено е и во декоративната козметика, како состојка на лакови и кармини.