Момче со простетичка нога го пронајде совршениот најдобар пријател
Кутре родено без шепа стана најдобар пријател со момче со простетичка нога.
Кутрето од расата златен ретривер, кое го доби името Марвел, било единственото од леглото што се родило без една шепа.
Наместо на ова да гледа негативно, одгледувачот на кучиња Барб Фелт ја виде посветлата страна на работите и рече дека кученцето има „специјална намена“.
Барб рече дека тој сака кученцето да биде вдомено од страна на некој „што ќе ги разбере и прифати неговите недостатоци“.
Кратко време по раѓањето на Марвел, Барб го исконтактирал семејството Вилијамс.
По разговорот, Барб веднаш знаел дека Марвел е совршеното куче за нив, особено за седумгодишниот Пакстон, на кого му била ампутирана ногата пред три години.
Погледнете ја слатката приказна тука:
Пакстон бил роден прерано и имал инфекција на ногата што го спречувала правилниот раст и развој на екстремитетот. Пред три години лекарите му ја ампутирале ногата на младото момче и му ставиле простетика за да може полесно да оди.
Пакстон и кученцето станаа најдобри пријатели, а неговите родители Стефани и Блејн Вилијамс обожаваат да го гледаат парот заедно.
Пакстон го користи симпатичното кученце како начин да им ја објасни својата приказна на луѓето.
Неговата мајка вели: „Тоа му дава можност да им каже на децата: И недостасува шепа, таа е како мене“.
Кога Марвел ќе порасне таа ќе добие простетичко помагало исто како нејзиниот најдобар пријател Пакстон.