Момче измисли уред кој ќе ги спречи инцидентите со деца во загреани автомобили
Статистиката покажува дека од 1998 година само во САД починале 712 деца, оставени без надзор во загреани автомобили. Но благодарение на едно 10-годишно момче, овие инциденти можат да бидат спречени. Бишоп Кари од Тексас, измислил уред “Оаза”, кој ја следи температурата во автомобилот. Кога таа ќе достигне одредена вредност, уредот испушта студен воздух и ги информира родителите и органите на редот, преку антена. Идејата на Бишоп дошла кога дознал дека 6-месечното бебе од соседите починало, бидејќи било оставено премногу долго во загреана кола.
Засега уредот е само проект, но малиот умник и татко му веќе собрале 24 илјади долари. Парите ќе бидат искористени за производство на “Оаза” и за обезбедување на патент.
Прекрасно, нели?