Момче од петто одделение ја испразни својата касичка, за да помогне на болна жена- Приказна која заслужува секој да ја прочита
Што е човечноста? Дали тоа е нешто на кое возрасните ги учат децата или всушност нешто кое возрасните може да го научат токму од децата?
Доказ за тоа е еден скромен петтоодделенец, кое доаѓа од бугарскиот град Нова Загора. Тоа што момчето го направи, трогна илјадници корисници на социјалните мрежи.
Момчето по име Богомил Ганчев на сите им одржа лекција по хуманост, откако ги донираше сите своите заштедени пари, за да помогне на една болна жена.
Херојската постапка на момчето ја објавила жената која била вработена како продавачка во маркетот, каде била поставена кутија за донации, а приказната веќе има над 5.000 допаѓања и 400 коментари, од воодушевените корисници.
„Ова е Богомил. Денес тој влезе во маркетот „Нон стоп“ со една ќеса полна со стотинки и ме праша: Може ли да ги ставам парите во кутијата за донации? (Кутијата беше поставена со цел собирање донации за лекување на една болна жена).
Воодушевена сум од одлуката на ова младо момче, кои ми кажа дека парите започнало да ги собира уште од минатата година. Нека сите слушнат за неверојатната постапка на Богомил Ганчев, ученик во петто одделение при основното училиште „Иван Вазов“ од Нова Загора. Воедно сакам да ги поздравам и неговите родители, кои воспитале еден сочувствителен и одговорен син“- напишала жената, која сведочела на хуманиот гест.“
Приказната доби илјадници позитивни коментари, меѓу кои и дека младото момче треба да им послужи како пример на сите возрасни луѓе.