Може да пишува само со помош на неговите очи, а сега ја доби и својата прва диплома
Студент кој покажува дека не постои ништо невозможно! Вистински пример и инспирација!
22-годишниот Ајдан Матаер, од Болтон, Англија е роден со хореоатетоидна церебрална парализа, при што целиот свој живот го поминал во инвалидска количка и исклучително можел само да го движи горниот дел од телото, но поради неговата состојба, и тие движењеа биле ограничени.
И покрај сето тоа Ајдан се запишал на факултет, но пред 3 години морал да паузира долг временски период бидејќи следувала голема операција на колкот.
„Болката беше толку неподнослива, што не можев ниту да седам во својата инвалидска количка. Операцијата уште толку ме онеспособи. Сè што правам ми одзема многу повеќе време отколку на моите врсници. Понекогаш морам да се потпрам на мојата упорност и решителност за да продолжам понатаму!“– изјави Ајдан.
За Ајдан отсекогаш било физички невозможно да оди или да ги користи своите раце. Единствено нешто што можел да го прави е да управува со својата индвалидска количка.
За пишување, ја користи технологијата, односно користи Ајпед или уред наречен „Окото на Тобиј“ (анг. „Tobii eye“), со чиј екран го скенира своите очи.
Но, физичката неможност не го спречила Ајдан во неговата интелектуалност, па така неговиот труд се исплатил.
Сега Ајдан се здоби со својата прва универзитетска диплома од областа на креативното пишување, при Болтон универзитетот.
„Факултетот ја подготви специјално сцената за мене, па така за време на доделувањето на дипломите, можев да се качам на сцена, како и сите останати студенти. Ракувањето со деканот и примањето на дипломата беше најгордиот момент во мојот живот! Сите од факултетот многу ми помогнаа!“- рече Ајдан.
Засега, ова е првото негово достигнување од ваков вид, но успешниот студент не планира да застане тука.
Со неговата упорност, тој ги инспирираше своите соученици и веќе започна да се залага и за останатите луѓе со инвалидитет.