„Мразам да пеглам и затоа секогаш го користам овој чудесен домашен спреј кој ги измазнува алиштата за 5 минути“
Речиси и да не постои човек на кого пеглањето алишта му е најомилената домашна обврска на светот, па токму за оваа цел, денес ви откриваме една многу полесна и подеднакво ефикасна алтернатива.
Станува збор за исправување на облеката со помош на домашен спреј, а во продолжение прочитајте како истиот да го приготвите уште денес.
Измазнувачки спреј за алишта
Потребни состојки
- Шише-спреј
- Половина литар вода
- 2 супени лажици омекнувач за алишта
- Половина кафена лажица вотка или спирт
Начин на подготовка и употреба
Употребете инка, за да ги излеете водата, омекнувачот и алкохолот во шишето. Откако истото ќе се наполни, добро затворете го шишето и протресете го составот внатре, за да сите состојки добро се измешаат и веќе спрејот ќе биде готов.
Едноставно напрскајте го спрејот врз стутканата облека, особено нанесете од истиот врз најкритичните делови од облеката и со рацете измазнете ја површината. Оставете го спрејот да дејствува неколку минути, а резултатот брзо ќе ве изненади.