„Мрзеливи шпагети во рерна: Веќе ги правам само вака, мешам сè, а потоа сите дома им се насладуваме бескрајно“
Речиси и да не постои човек кој не го обожава ова италијанско чудо- шпагетите, особено кога станува збор за комбинација од варените тестенини измешани со ароматичен доматен сос и растопен кашкавал.
Денес ви предлагаме да го пробате овој уникатен рецепт за мрзеливи шпагети во рерна, кое ќе го зачинат традиционалниот начин на кој сме навикнати да уживаме.
Мрзеливи шпагети во рерна
Потребни состојки
- 200 гр шпагети
- 50 гр пармезан или кашкавал
- 3 јајца
За филот
- 200 гр шунка или колбас
- 150 гр кашкавал
- Кечап
Начин на подготовка
Најпрво сварете ги шпагетите, а откако истите ќе ги изладите, измешајте ги со суровите јајца и изренданиот кашкавал. Поставете ја смесата во сад, претходно премачкан со малку масло за готвење. Одозгора нанесете од кечапот и наредете ја исечената шунка или колбас, а на крај, нанесете многу од изренданиот кашкавал.
Поставете го јадењето да се пече во рерна на температура од 180°C, околу 7-10 минути. Јајцето треба да стане тврдо, а кашкавалот да се растопи.
Пријатен апетит!