“Му даваше на своето дете десерт за појадок”: Поранешната готвачка на принцезата Дијана открива каква мајка била таа
53-годишната Керолин Роб започнала да работи како професионална готвачка во Кенсингтонската палата во 1989-та година, а сега открива каква навистина била принцезата Дијана.
Поранешната готвачка на принцезата Дијана, открива како мајката на две деца му дозволувала на своето дете да јаде десерт за појадок, односно принцот Хари многу вешто успевал да шармира својата мајка и таа често му дозволувала да си ја задоволи својата опсесија кон благото уште во утринските часови.
Г-ѓа Роб се присетува како еднаш малиот принц дошол во кујната барајќи од традиционалниот десерт, при што му рекле дека мора да побара прво дозвола од неговата мајка: “5 минути подоцна повторно ни дојде во кујната и рече дека ја има дозволата од неговата мајка”– вели Керолин.
Принцот Вилијам пак, ги обожавал чоколадните торти и нему му било дозволено да ги јаде за појадок. Но, истовремено, Дијана била и многу едноставна и не барала сложени јадења за приготвување, како за неа, така и за децата, додека татко им, односно принцот Чарлс бил со потежок карактер.
Дијана иако им дозволувала на децата од време на време да го задоволат својот апетит по слатките работи, сепак се грижела да јадат умерено и здраво, а била толку приземјена што дури им помагала на вработените во кујната.
Керолин Роб останала да работи со кралското семејство и после разводот, но работела само до 2000-та годин, бидејќи веќе не и се допаѓала атмосферата без Лејди Ди.