Му кажале дека консумирањето 8000 калории на ден ќе го убие и еве како овој маж успеал да симне 100 кг
42-годишниот Крис Муди некогаш тежел 210 килограми и носел облека со големина 6XL, a сега после 1 годинa открива како успеал да симне дури 100 килограми.
Крис е административен работник, од Блекбурн, Англија и во неговите најмрачни денови, тој бил хоспитализиран поради здравствени компликации кога достигнал тежина од 210 килограми.
Муди, кој кога бил најтежок, носел облека со големина 6XL, докторите му рекле дека тој веќе влегол во фаза на прејадување до смрт, кој во тоа време консумирал 8.000 калории дневно, и покрај тоа што по препорака на докторите, намалил со газираните пијалоци и пивото.
Дури ни 18-те дена во болница Крис не ги сфаќал сериозно и ги игнорирал советите и предупредувањата на своите пријатели и медицинскиот тим, се додека медицинската сестра која била задолжена да се грижи за него не му рекла дека неговите денови веќе се изброени.
“Медицинската сестра ми рече дека сум навистина голем, масивно дебел. Веќе знаев двајца пациенти од соседните соби кои починаа од дебелина, а јас бев голем колку нив и кога медицинската сестра ми рече дека и за мене е готово и дека деновите ми се изброени, тоа навистина му удри во глава.”– изјавил Крис.
Оваа нејзина реченица била повикот и знакот кој му бил потребен на Муди да се освести и конечно тој цврсто одлучил да си го врати својот живот под контрола, со тоа што започнал диета, која му го променила животот.
Крис започнал да го следи својот процес на слабеење, праќајќи фотографии на неговата внука во временски интервали од 10 недели, па така секој напредок го документирал.
За помалку од една година своите 6XL кошули успеал да ги замени со големина од XL.
“Се чувствувам како нова личност која лебди од толку многу позитивни коментари. Имам сосема нова гардероба и ова е мојата втора шанса повторно да живеам. Горд сум на самиот себе.”– вели Крис.
Неговите проблеми со тежината започнале уште од најрана возраст и во класот тој секогаш бил етикетиран како “големото момче”.
За да избега од темните мисли, Крис започнал секој ден да се прејадува. Секоја вечер јадел висококалорична храна и консумирал дури 30 чаши на алкохол и газирани пијалоци секој викенд, при што кога достигнал 21-годишна возраст, тој веќе бил 110 килограми.
“Ја негирав мојата дебелина и не сакав да се соочам со бројката која ја достигнав”– изјавил Крис за неговите минати денови.
По заминувањето од болница, Крис започнал диета од 1500 калории која се состоела од консумирање овесна каша за појадок, салата од јајца и овошје за ручек и риба со зеленучк како прилог.
Дома создал аматерска теретана и вежбал 6 пати во неделата, а купил и статичен велосипед, на кој најмногу го поминувал своето време наменето за вежбање.
За речиси една година, Крис успеал да симне 100 килограми со овој режим и продолжува да живее здраво.