Дали ја паметите вашата последна посета во музеј? Ако не, сигурно затоа што сте шетале во овој неверојатен музеј! Дали сте љубител на уметноста? Ако не, после ова видео и галерија, дефинитивно ќе станете!

Класичните музеи во последно време се соочуваат со масивно опаѓање на бројот на посетители, а експертите тврдат поради целиот стерилен и статичен начин на посета. Едноставно набљудување на делата од пристојно растојание и не поттикнување никаква возбуда кај нив и затоа не се заинтересирани често да ги посетуваат.

Затоа, Кариер де Лумиер (од франуцски- Кариери на светлината), уметнички центар на југот во Франција, во соработка со музејот Culturespaces, нуди серии на уметнички инсталации кои концептот за музеј го носат на сосема ново напредно ниво и обичната посета на музеј ја трансформираат од корен.

Изложбата позната како “Работилница на светлата” ги зема уметничките дела на познатите уметници и создава вонземско искуство, користејќи ги како прекривки на џиновските ѕидови.

Од сега па до 5-ти Јануари, 2020-та година, посетителите ќе имаат можност да се движат низ хаотичниот, но истовремено смирувачки свет на Винсент Ван Гог.

Еве како изгледа ова искуство:

https://www.youtube.com/watch?v=OgwbOV5_0eA