На аеродром им кажале дека багажот им е потежок за 3 килограми, а она што го нашле внатре ги изненадило сите вработени
Двојка од Тексас, САД го пронашле своето куче од расата чивава во нивниот куфер на шалтер за пријавување багаж на аеродром на пат кон Лас Вегас, но за среќа вработена се понудила да се грижи за кученцето додека парот е на пат.
Џаред и Кристи Овенс летале викендот на 26 септември од Лубок, западно од Форт Ворт, кога им било кажано дека нивниот багаж е со прекумерна тежина.
„Го ставија куферот на вага и ни кажаа дека е 3 килограми над дозволеното, па моравме да го отвориме и да извадиме неколку работи“, рече Џаред.
„Кога отворивме, на наше големо изненадување го видовме нашето куче како ѕирка од една чизма“.
Чивава, Ики, има навика да се пика на тешко достапни места.
„Така прави таа, се пика во облека, во чизми, а сега очигледно и во куфери“, сподели парот.
Вработена во „Саутвест ерлајнс“, Кети Кук, се понудила да го чува кученцето, за двојката да не го пропушти својот лет.
Чивавата Ики имала среќа што била пронајдена затоа што мали се шансите дека би го преживеала летот заглавена во куферот. Сега кученцето е безбедно вратено кај своите сопственици.