На кој се препорачува да пие сок од ѓумбир? Одличен за здравје, висок имунитет, тенка половина и што уште не
Коренот од ѓумбир содржи огромно количество на микро и макро елементи, витамини и незаситени аминокиселини. Токму во сокот од истиот се сконцентрирани сите овие златни вредности.
Лекарите го препорачуваат пиењето на сокот од ѓумбир за зајакнување на имунитетот, како и при зголемен емоционален и физички стрес. Овој чудесен напиток не само што ќе ви помогне да го зајакнете здравјето, туку и ефикасно и трајно да им ставите крај на вишокот килограми.
Придобивки од сокот од ѓумбир
- Ја подобрува дигестијата и ги регулира движењата на цревата
- Го забрзува метаболизамот
- Ја намалува болката во мускулите
- Помага да го спречите чувството на гадење
- Ги отстранува токсините од организамот
- Го зајакнува кардиоваскуларниот систем
- Ја подобрува состојбата на кожата, косата и ноктите
- Ја подобрува потенцијата
- Ги согорува масните наслаги
Рецепт за сок од ѓумбир
Потребни состојки
- 200 гр корен од ѓумбир
- 120 мл сок од лимон
- 2 супени лажици мед
- 1 литар вода
Начин на подготовка
Сомелете го измиениот корен од ѓумбир со пасатор или изрендајте го. Кон истиот додадете мед, сок од лимон и вода. Добро измешајте ги сите состојки заедно, а добиената смеса складирајте ја во ладилникот на 2 часа. Може да го оставите да отстои и во текот на ноќта.
Следниот ден, прецедете го сокот и слободно консумирајте го кога ќе посакате.
Сокот од ѓумбир не треба да го консумираат
- Луѓе кои страдаат од алергија
- Деца
- Бремени жени
- Луѓе кои страдаат од воспаленија на дигестивниот систем
- Кои страдаат од хипертензија