На оваа 36-годишна жена ѝ беше премногу тешко што тежи 270 кг, но сега се врати насмевката на нејзиното лице
Наталија Руденко својата популарност ја стекна минатата година, по учеството во руската емсија „Нека зборуваат“. Веднаш штом се качи на вагата, сите во етерот дознаа дека таа тежи 270 кг.
Поради нејзината критична прекумерена тежина, жената многу тешко се движела, а поради тоа што во нејзината зграда немало лифт, Наталија речиси воопшто не излегувала надвор.
Прошетките и излегувањата веќе одамна биле минато за неа, при што поголемиот дел од времето жената го поминувала гледајќи преку прозорецот од нејзината спална соба. Таа ги набљудувала среќните луѓе кои минувале покрај зградата и секојдневно се надевала дека еден ден ќе биде дел од нив.
Соседите на Наталија пак биле загрижени дека еден ден, поради нејзината огромна тежина, ќе пропадне низ подот и ќе падне на долниот кат.
Проблемот со телесната тежина кај Наталија се јавил уште во нејзиното детство. Иако долго време држела секакви диети и одела на секакви тренинзи, ништо од ова не било од помош. Нејзината состојба станала дополнително критична за време на бракот, при нејзината прва неуспешна бременост. За само неколку години, телесната тежина на Наталија скокнала од 150 до 230 килограми.
Нејзиното тело започнало да бара сè повеќе и повеќе храна, а во еден момент таа открива дека сама можела да изеде едно цело пиле во текот на еден ручек и повторно да се чувствува гладна.
Таа решила да стане дел од емисијата која им помага на луѓето како неа, кога сфатила дека има потреба од професионална помош.
По емисијата, во текот на целата година, за Наталија се грижел тим од специјалисти и токму по 1 година, таа реши повторно да се појави во етерот, при што ги изненади сите со нејзината трансформација.