На овие 3 хороскопски знаци, сезоната на Вагата ќе им донесе огромна среќа во љубовта
Уште од првиот ден на есента, настапи сезоната на Вагата, која ќе биде околку нас дури до 22-ри октомври. Влијанието на хороскопскиот знак што симболизира рамнотежа и хармонија, ќе им помогне на многумина да донесат некои одлуки што ќе го внесе мир во нивните животи.
Доколку сакате да бидете во тек со „хороскопските случувања“ погледнете ја мобилната апликацијаХороскоп на македонски јазик, која можете бесплатно да си ја инсталирате на вашиот мобилен телефон преку Google Play (кликнете овде).
Исто така, ова е период кога е најлесно да се воведе ред и на љубовното поле, при што астролозите посочуваат дека на овие три знаци, сезоната на Вагата ќе им донесе најмногу среќа во љубовта:
1. Близнаци
За Близнаците, овој период ќе биде исполнет со бројни флертувања, нови познаници и романтични состаноци. Ќе се поврзете со многу луѓе, но тоа не значи дека треба веднаш да стапите во романтичен однос со некој. Уживајте во флертувањето за време на сезоната на Вага, бидејќи сезоната на Стрелец ви носи нешто посериозно.
2. Вага
Очекувано, за Вага, ова е најдобриот период на секое поле, вклучително и љубовното. Лесно ќе го привлекувате вниманието на другите, поради што ќе бидете исполнети со самодоверба и ќе се впуштите во разни авантури, па дури и одење романтичен состанок со личност која прв пат ја запознавате. Прифатете сè што ви се нуди, иако љубовта не е загарантирана, сепак ќе си поминете прекрасно!
3. Водолија
Во сезоната на Вага, Водолиите можеле да ја пронајдат љубовта на нивниот живот. Овој период ќе ви донесе многу нови познаници, а со тоа ќе се зголемат шансите некој сосема да ве освои. И бидејќи знаете дека можете да бидете исполнети само со партнер сличен на вас, опуштете се и бидете свои.