На овој начин може да дознаете дали производите што ги користите се тестирани врз животни или не
Козметиката е многу важен дел од животот на секоја жена. Реално гледано, веќе не можеме да го замислиме секојдневниот живот без истата, бидејќи козметиката вклучува производи кои навистина ни се неопходни.
Неодамна, во медиумите постојано се истакнуваа производи изработени од природни состојки и штетноста на хемикалиите како што се парабени, силикони и сулфати, на што многумина почнаа да обрнуваат внимание.
Но, како знаете дали производите што ги користите се тестирани врз животни?
Иако некои производи имаат етикета за зајак за да означат дека производот не е тестиран на животни, некои брендови чии производи ја носат таа ознака се продаваат во Кина, каде е потребно тестирање на животни, поради што можете веднаш да ги отстраните од списокот на брендови кои не вршат тестирање врз животни.
Сепак, постои посигурно решение.
На веб-страниците на Cruelty Free Kitty и Logical Harmony, можете да проверите дали производите што ги купувате навистина се направени без тортура врз животните и дали компаниите што ги поседуваат овие марки вклучуваат тестирање врз животни.
Затоа, кога се сомневате, одвоете неколку минути и проверете го производот пред да го купите.