„На патување никогаш не носам пегла, но во куферот секогаш го носам овој спреј за измазнување: Прскаш и за 5 минути облеката е совршена!“
Речиси и да не постои човек, на кој пеглањето облека му е омилена активност. Тој долг и здодевен процес, пропратен со топлината од пеглата навистина не може да биде забавен.
Но, сепак ниту стутканите алишта не се решение, бидејќи носењето на истите не остава добар впечаток.
За сите оние кои го мразат пеглањето, а сепак ја обожаваат испегланата облека, имаме добри вести! Тие добри вести се всушност спреј, кој прво, совршено ги измазнува алиштата, а второ се суши брзо и не остава никакви траги.
А најдоброто од сè, е тоа што истиот може сами да го подготвите, за неколку секунди!
Измазнувачки спреј за облека
Потребни состојки
- Шише- спреј
- 500 гр вода
- 2 супени лажици омекнувач за алишта
- Половина кафена лажица вотка или спирт
Начин на подготовка
Користејќи инка, додадете ја водата, омекнувачот и алкохолот во шишето. Откако ќе го наполните истото, добро затворете го и внимателно придвижете го шишето, за да внатре сите состојки се измешаат.
Тоа е сè, чудесниот спреј е готов. Складирајте го на темно и суво место и користете го секогаш кога ќе ви биде потребен. А дури можете и веднаш да го тестирате готовиот производ.
За таа цел, земете стуткана облека и напрскајте ја со домашниот спреј, а најмногу внимание обратете на најстутканите делови. Поставете ја навлажнетата облека на рамна површина и со помош на рацете, измазнете ја нејзината површина, а потоа оставете ја да отстои така неколку минути.
Брзиот резултат, а кој е еднаков како да сте користеле пегла, со сигурност ќе ве израдува!