На сестра ми косата и стана како од реклама на шампон!
Повеќето жени се соочуваат со проблеми со опаѓање на косата. Главни причини за тоа се неправилната исхрана, загадувањето на животната средина и неправилна нега на косата.За да ја заштитите косата од оштетување и да го спречите нејзитното опаѓање, ќе треба да се храните здраво, помалку да употребувате алатки за навиткување и исправување на косата и да внимавате во изборот на соодветна козметика за нега на коса.
Наместо штетните шампони и други производи за коса, постојат многу природни решенија кои можат да ви помогнат. Во продолжение ви претставуваме еден ефикасен рецепт за изработка на домашен регенератор за коса.
Потребни состојки:
- 2 лажици рицинусово масло
- 1 жолчка
- 1 лажица мед
Подготовка и употреба:
Едноставно промешајте ги сите состојки додека не добиете хомогена смеса, потоа нанесете ја смесата на косата и скалпот и со бавни движења масирајте ја вашата глава.Откако рамномерно ќе ја прелиете целата коса, ставете капа за туширање на главата и оставете да делува во период од 3 часа. Потоа измијте ја косата како и вообичаено и повторете го процесот два пати неделно.