На тинејџерка ѝ се уништи сонот, откако фустанот за матура што го порача од Интернет, пристигна и воопшто не беше тоа што го очекуваше
17-годишната девојка започнала да плаче кога пристигнал фустанот од 127 евра што го порачала од Интернет и изгледал многу поразлично од оној на фотографиите.
Онлајн купувањето секогаш само по себе е голем ризик, бидејќи не знаете точно што ќе добиете, сè додека нарачката не стаса на прагот од вашиот дом.
Но, кога ќе одвоите поголем дел од вашиот буџет, тогаш некако се чувствувате дека овој пат сте направиле вистински чекор, купувајќи нешто луксузно со вистински квалитет.
Сепак, ниту високата цена не значи сигурност, а тоа најдобро сега го знае Алиса Хума, од Нов Зеланд, која потрошила 127 евра, мислејќи дека порачала нежно виолетов свечен фустан по повод својата матурска вечер, изработен од чипка.
Алиса била премногу возбудена кога пакетот пристигнал, но кога го отворила истиот, следувал вистински шок.
Фустанот го порачала од страната Бајковити фустани (анг. Dreamy dresses), компанија за која девојката претходно истражила и која имала на навидум добри рецензии, па дури тврделе дека фустаните ги изработуваат по точните мерки на купувачите.
Но, резултатите во реалноста се всушност далеку од бајковити, а еве каков фустан добила Алиса: