Начини на кои ги влошувате киселите во желудникот и како да си помогнете себеси
Ако некогаш сте почувствувале чувство на печење во желудникот после оброк, можеби сте еден од милионите кои страдаат од горушица или рефлукс на киселина. Оваа многу честа состојба може да биде предизвикана од многу навидум невини постапки што ги правиме на дневна основа, а промената на некои од вашите навики може да биде токму она што ви треба за да го олесните овој проблем.
Понекогаш чувствуваме мачнина по обилен оброк па решивме да откриеме кои навики може да го влошат ова чувство.
1. Носите тесна облека.
Иако тесната облека може да направи да изгледате многу привлечно, пречесто носење на тесни алишта не е најдобриот избор за вашето здравје. Освен што предизвикува проблеми со циркулацијата на крвта, тесната облеката може да го влоши рефлуксот на киселина. Бидејќи тесните фармерки и ремени го притискаат на вашиот стомак, тие можат да ги влошат непријатните симптоми на горушица.
2. Спиете на рамно.
Иако спиењето без перница може да биде добро за вратот и ‘рбетот, сигурно нема да помогне ако страдате од рефлукс на киселина. Медицинските експерти препорачуваат да ја кренете главата 20cm од креветот, за да може да се поттикне здравиот надолен проток на стомачната киселина додека спиете. Можете да користите дополнителни перници или едноставно да ставите блокови под рамката на креветот за да бидете сигурни дека вашата глава е подигната.
3. Легнувате после јадење.
Ако се чувствувате како да сакате да легнете после обилен оброк, ние целосно го разбираме тоа. Но, ако страдате од горушица, оваа навика можеби вреди да се прекине. Кога лежите, целата храна што штотуку сте ја изеле се турка помеѓу хранопроводот и стомакот. Подобро е да седите исправено после оброците и да чекате најмалку 2 до 3 часа пред да легнете во кревет.
4. Пиете вода за време на оброк.
Иако пиењето вода е апсолутно клучно за вашето здравје, важно е и времето кога пиете вода. Можеби чувствувате потреба да испиете чаша вода за да „исплакнете“ тежок оброк, но тоа може да резултира со горушица. Пиењето премногу течности за време на вашиот оброк ги разредува стомачните киселини кои ви се потребни за правилно варење. А ако сакате да ја пиете водата со мраз, ладниот пијалок ќе предизвика стеснување на крвните садови и зацврстување на мастите, што ќе го отежне варењето на храната.
5. Пиете многу кафе.
Иако кафето има голем број здравствени придобивки и многу луѓе не можат да замислат ден без него, можеби ќе сакате да го ограничите внесот на кофеин ако страдате од рефлукс на киселина. Кафето може да ги влоши симптомите на горушица, а ако забележите дека се чувствувате лошо откако ќе го испиете, постепеното намалување може да биде вистинскиот избор.
6. Вежбате премногу напорно.
Нема сомнение дека да се биде активен е една од најдобрите работи што можете да ги направите за да останете здрави. Но, видот на физичка активност што ќе ја изберете може да направи да се чувствувате подобро или полошо. Ако страдате од рефлукс на киселина, вежбите со силен интензитет, како што се возење велосипед, гимнастика или кревање тежина, може да ги влошат непријатните симптоми на горушица и надуеност. Но, тоа не значи дека треба да го откажете членството во теретана, само одлучете се за полесни вежби.