Надуеноста во стомакот е минато, со помош на оваа вкусна и едноставна напивка
Оние кои одамна се борат со надуеност, секогаш бараат начин да се ослободат од оваа непријатност. За среќа, постои одлична комбинација која е многу вкусна и која лесно ќе ви помогне да го сторите тоа.
Исто така, овој пијалок ќе ви помогне во согорувањето на масните наслаги, ќе ви го подобри имунитетот и варењето.
Состојки:
-една лажица рендан ѓумбир
-два литри вода
-еден мал лимон
-12 листови нане
-една мала излупена краставица
Исецкајте ги и состојките и додадете ги во бокал со два литри вода, потоа ставете го бокалот во фрижидер да отстои преку ноќ. Наредниот ден процедете ја водата и можете да ја консумирате. Се препорачува да го испиете бокалот до крајот на денот.