Најбогатите деца на светот кои сами си го заработиле богатството
Постојат некои деца во светот кои заработиле милиони пред да добијат возачка дозвола или да завршат средно училиште. Од јутјубери до гејмери до сопственици на компании за вратоврски, овие деца се збогатија со тоа што никогаш не се откажаа.
1. Рајан Каџи
Пред неколку години, Рајан, кој во тоа време бил на предучилишна возраст, обожавал да гледа видеа на ЈуТјуб за критики на играчки, па ги замолил родителите да му направат сопствен канал. Тие се согласиле, но на почетокот никој не ги гледал видеата. Тогаш неговата мајка добила идеја што му донесе успех на нејзиниот син. Таа го сними видео од Рајан во кое тој си игра со повеќе од 100 играчки од серијата на Пиксар- Автомобили, и стана вирално.
Денес, тој има 9 години и е еден од најплатените јутубери, заработувајќи скоро 30 милиони долари. Но, 2020 година не е единствената година кога тој успеа да се најде на списокот на најплатени јутубери, тој заработи големи суми пари и во 2018 и 2019 година.
2. Настја
Анастасија Раџинскаја, која на Интернет е позната и како Настја, е дете јутубер. Родена е во Русија каде што и била дијагностицирана церебрална парализа. Лекарите, во тоа време, беа загрижени дека таа никогаш нема да може да зборува.
Во 2015 година, нејзините родители одлучија да ја тестираат својата среќа, продавајќи ги своите компании само за да инвестираат во каналот Like Nastya. Запонале со снимање видеа во кои малото девојче отпакува кутии со играчки. Настија денес на нејзиниот канал има многу разновидна содржина наменета за деца и над 190,6 милиони претплатници на YouTube. Всушност, таа заработи импресивни 18,5 милиони долари во 2020 година.
3. Метју Дејвид Морис
Познат како MattyBRaps или MattyB, Метју Дејвид Морис го започна своето патување кон успехот со објавување музички видеа на YouTube, но како ремикси од оригиналните. Првото видео што го објави беше преработка на „Eenie Meenie“ од Џстин Бибер, во 2010 година, кога тој имал само 7 години. За 4 години, неговиот канал имаше милијарда прегледи.
4. Мозија Бриџис
Од кога Мозиј Бриџис бешл само мало момче, тој обожавал да се дотерува. Тој носел одела дури кога си играл на игралиштето. Но тој ги мразел обичните машнички што се продаваат во продавниците, па кога имал само 9 години, создал компанија за решавање на проблемот.
Всушност, кога ја добил идејата, тој добил помош од неговата баба која е поранешна шивачка. Таа го научи како да шие. Со дополнителна помош од неговата мајка, тој ја достигнува целта. Сега тој прави вратоврски, други додатоци со цени од 15 до 50 долари. За околу 6 години, компанијата продаде производи со вкупна вредност од повеќе од 600.000 долари.
5. Алина Морс
Алина ја создала својата компанија за бонбони без шеќер кога имала само 9 години, едноставно затоа што татко и ѝ рекол дека не треба да јаде бонбони затоа што тоа ќе и ги уништи забите. Затоа, таа започна да учи и да експериментира со рецепти за бонбони без шеќер гледајќи видеа на YouTube.
Кога имала 13 години, таа ја основала својата компанија Zolli Candy од нејзината домашна кујна, а во 2018 година заработила 6 милиони долари! Алина била во можност да се подготви за состаноци со трговците на мало низ целиот свет, да управува со 6 вработени и да балансира меѓу часовите за танцување и училиштето. Нејзината компанија стана „број еден“ во продажба на бонбони без шеќер.
6. Ник Д’Алоисио
Ник Д’Алоисио се научил како да пишува софтвер кога имал 12 години. На 15-годишна возраст, тој изградил бесплатна апликација за Ајфон, наречена Summly. Оваа апликација автоматски ги сумира вестите, што е одлично за мали екрани. Подоцна, кога имал 17 години, тој ја продал својата апликација на Yahoo за скоро 20 милиони долари.
7. Кајл Гирсдорф
На само 16 години, Кајл стана инстант милионер кога го освои Светскиот куп Фортнајт што се одржа во ЊуЈорк. Тој освои награда од 1,8 милиони долари. Пред неговиот успех, тој беше само уште едно момче кое бараше инспирација преку каналите за стриминг. На некој начин ова му помогна да се развие како гејмер.
8. Еван
Приказната на Еван започна кога тој имаше само 5 години. Заедно со неговиот татко, Еван создаде стоп-снимка со неколку играчки на Angry Birds. Тој само сакаше да го покаже видеото на своето семејство и пријателите, но се покажа дека е забавно за повеќе луѓе отколку што очекуваше.
До 2015 година тој имаше милиони прегледи и заработуваше околу 1,3 милиони долари годишно. Денес, Еван и неговото семејство имаат 5 канали на YouTube.
9. Фархад Ацидвала
Фархад сега има 27 години, но е претприемач повеќе од една деценија. Сè започнало кога тој имал само 13 години. Тој позајми 10 долари од неговите родители за да започне онлајн заедница за аеро-моделирање и авијација. По некое време тој го продаде својот проект на обожавател за околу 1.200 долари.
Неколку години подоцна, кога имал 16 години, тој искористил 400 долари за да започне сопствен бизнис (Rockstah Media), кој се фокусира на брендирање, рекламирање и развој на веб. Денес, неговата нето вредност се проценува на 4 милиони долари.
10. Изабела Барет
Започнувајќи ја својата кариера на емисијата Toddlers & Tiaras, таа стана милионерка до својата 6-та година. Сега таа е тинејџерка и поседува 5 брендови. Се, исто така, е стилист на многу од врвните славни тинејџери.
На прашањето што ја мотивира овие денови, таа рече дека се мотивира кога гледа други успешни тинејџери и деца кои прават големи работи.