Најдобрата домашна маска која видно ги стеснува порите и ја негува проблематичната кожа
Ловоровиот лист уште од древни времиња се смета за чудесна состојка со супер моќни својства и иако повеќето најмногу го користат за подготовка на вкусни јадења, денес ви откриваме како истиот ќе ви помогне да добиете беспрекорен изглед на вашето лице.
Најдобрата домашна маска за стеснување на порите со супер подмладувачки ефект
Потребни состојки
- 8 гр ловоров лист
- 100 мл екстра девствено маслиново масло
- 2 супени лажици овесна каша
Начин на подготовка
Сомелете го ловоровиот лист. Потоа додадете го во сув сад, исипете го маслиновото масло и додадете ја овесната каша. Затворете го садот и со негово движење, добро измешајте ги состојките внатре.
Кога овесните снегулки ќе се зголемат, нанесете ја готовата маска од ловоровиот лист на чистата кожа, при лицето и вратот. Оставете ја да отстои 30 минути, а потоа исплакнете. Најдобро е маската секогаш да биде свежо приготвена пред употреба.
Оваа маска се смета за една од најефикасните поради чудесните својства на ловорвоиот лист. Истиот значително ги стеснува порите, ја измазнува кожата, ја прави еластична, ја регенерира, ги стимулира метаболичките процеси, прави дезинфекција и помага во борбата против разни заболувања на кожата.