Најдобрата домашна маска од ѓумбир со која успешно ќе го стимулирате растот на косата
Ѓумбирот е извор на многу моќни својства, кои се исклучително корисни за нашето здравје. Денес ви откриваме како истиот може да ви помогне за вашата коса да добие раскошен и волуменозен изглед.
Домашна маска од ѓумбир за раст на косата
Потребни состојки
- 4 цм корен од ѓумбир
- 1 супена лажица мед
- 1 супена лажица зејтин
Начин на подготовка
Ситно изрендајте го ѓумбирот.
Потоа измешајте го истиот со медот и зејтинот.
Добиената маска рамномерно нанесете ја врз вашиот скалп и масирајте. Следно, завиткајте ја вашата коса во капа за туширање или најлонска ќеса и оставете ја маската да дејствува 40 минути, а на крај измијте ја косата на вообичаениот начин.