Најдобрата домашна маска за коса која ефикасно ги обновува и најоштетените влакна
Штетата што ја правиме на нашата коса секој ден со редовното сушење со фен за коса, бојадисувњето и изложување на сончевите зраци понекогаш е едноставно непоправлива. Овде спаѓа и честата употреба на бројните производи за стилизирање со кои се обидуваме да го вратиме нејзиниот беспрекорен изглед.
Иако не можете целосно да ја поправите видливо оштетената коса, освен да отидете на фризер, денес ви откриваме златно решение како да го вратите нејзиниот блескав изглед на природен начин, во домашни услови. Станува збор за маска за коса, која се приготвува многу брзо и лесно, за која ќе ви бидат потребни 2 состојки, а нејзиниот ефект воодушевува!
Моќна домашна маска за оштетена коса
Потребни состојки
- 1 зрела банана
- 1 супена лажица маслиново масло
Начин на подготовка и употреба
Изгмечете ја бананата со вилушка и додадете маслиново масло. Мешајте додека не се добие хомогена смеса без грутки. Смесата треба да биде пенлива и кремаста. Нанесете на косата по целата должина и оставете да дејствува околу 15 минути. Потоа исплакнете темелно со млака вода.
Бананите имаат природна моќ да ја навлажнуваат и хидрираат косата. Калиумот што се наоѓа во ова овошје помага во зајакнување на косата и балансирање на нејзината pH вредност. Маслиновото масло служи косата да изгледа посјајна и поздрава. Исто така, ја подобрува ситуацијата со расцветаните врвови на косата, истовремено спречувајќи го кршење на косата.