Најдобрата техника за совршено нанесување туш на очите, за само 3 минути – Никогаш не било полесно!
Класичната линија на очите, нанесена со туш, никогаш нема да излезе од мода, бидејќи одговара на секоја боја и на секој облик на очи. Сите жени ја обожаваат, но понекогаш нејзиното цртање е вистински предизвик.
Oсобено доколку се брзате да излезете или едноставно, не сте толку вешти во шминкањето.
Разбирајќи го овој чест проблем, токму блогерката Ејмеар Мекелерон, ни открива како да ја нанесеме совршената линија со туш за само 3 минути. За оваа цел неопходен ќе ви биде туш во форма на молив, односно пенкало, а не во течна форма. На овој начин полесно ќе се нашминкате.
Во следното видео, погледнете ги практичните совети како да го добиете идеалниот изглед. Станува збор од техника при која, треба да ги нацртате клучните точки, покажани во видеото, а потоа само да ги поврзете, на начинот на кој тоа самата Ејмеар го прави.