Најдобриот пријател на Бред Пит ја уби својата сопруга
Бред Пит деновиве минува низ трауматично искуство, откако до него стаса веста дека неговиот најдобар пријател ја уби својата сопруга.
Најдобриот пријател на славниот актер, 52-годишниот уметник Сем Флечер се самоуби, откако претходно изврши брутален чин, убивајќи ја и неговата сопруга.
Вечерта, на 22-ри јули, нивната ќерка сама го пријавила случајот во полиција, односно според тамошните информации, нејзиниот татко сам ја повикал за да признае што направил, а откако полицијата пристигнала во нивниот стан во Берлин, го затекнала безживотното тело на Сол Флечер.
Сем и Сол биле долги години во брак и сè уште не е позната причината што конкретно го предизвикало Сем да го изврши ова дело. По убиството, уметникот избегал со своето Порше, а бил пронајден следниот ден, на неговиот имот во околното село.
Сем Флечер важеше за еден од најдобрите пријатели на Бред Пит, при што тие двајца речиси секогаш беа забележани заедно на разни културни настани, филмски фестивали и изложби.