Најдобриот природен рецепт кој брзо и лесно го прочистува дебелото црево
За целосно и ефикасно прочистување на дебелото црево е потребно многу повеќе од промената во навиките во исхраната. Токсините може да предизвикаат главоболка, замор и лошо расположение.
Токму за оваа цел, денес ви го откриваме најдобриот домашен рецепт благодарение на кој ќе се ослободите од штетните наталожени токсини на природен начин, без многу труд, а со тоа ќе го обновите вашиот организам и повторно ќе се чувствувате здрави и свежи.
Природен рецепт за ефикасно прочистување на дебелото црево
Потребни состојки
- 1 јаболко
- 1 супена лажица сомелено ленено семе
- 1 кафена шолја вода
- 1 супена лажица чиа семе
- 1 кафена лажица мед
Начин на подготовка и употреба
Исечете го јаболкото на парчиња, а потоа заедно со водата и лененото семе додадете го во блендер и добро измешајте ги состојките заедно. На крај во добиената смеса додадете ги чиа семето и медот и мешајте 5 минути до добивање на една соединета смеса.
Добиениот напиток се пие наутро и наеднаш, на празен стомак, а потоа 1 час не треба да консумирате никаква храна. Практикувајте го овој лесен домашен третман 1 недела за да го постигнете чудесниот ефект.