Порано или подоцна, секоја жена се соочува со појавата на несаканите и здодевни, е еве како лесно да се справите со нив на природен начин, без притоа да му нашетите на вашиот домашен буџет.

Најдобрата домашна маска против брчки

Потребни состојки

  • 1 кафена лажица сол
  • Половина кафена лажица сода бикарбона
  • 1 кафена лажица нишесте
  • 1 кафена лажица минерална вода
  • 1 кафена лажица пена или гел за миење на лице

Начин на подготовка и употреба

Измешајте го нишестето со пената и минералната вода, а потоа додадете ги и солта и содата и добро измешајте ги сите состојки заедно. Со лесни масирачки движења, нанесете ја добиената маска на вашето лице и оставете ја да дејствува 10 минути.

На крај измијте го лицето со топла вода и нанесете соодветна навлажнувачка крема за лице.

Зошто оваа маска е ефикасна?

Нишестето од компир важи за природен антиоксидант, со богат подмладувачки ефект бидејќи содржи витамин Ц и никотинска киселина. Истото е погодно за секој тип на кожа, со исклучок доколку кожата е алергична на оваа состојка.

Нишестето помага во ефикасно отстранување на маснотијата од лицето, а по неговата употреба, кожата станува мека и свежа, при што брчките стануваат помалку видливи, а лицето – еластично.