Иако кратките и свежи фризури се доста актуелен тренд меѓу дамите ширум светот, со сигурност повеќето сепак во одреден момент повторно сакаат да имаат долга и раскошна коса. Ако имате проблеми со нејзиниот раст, денес ви го претставуваме едно од најдобрите домашни решенија.

Најдобрата домашна маска за моќен и брз раст на косата

Потребни состојки:

  • 2 супени лажици рицинусово масло
  • 1 жолчка
  • 1 супена лажица мед

Количеството на состојките може да варира во зависност од должината на вашата коса.

Начин на подготовка и употреба

Земете соодветен сад и измешајте ги добро сите состојки. Нанесете ја добиената смеса на коренот од косата и по должина на влакното. Завиткајте ја главата со ќеса и оставете ја маската да дејствува најмалку два часа. Потоа измијте ја косата на вообичаениот начин со шампон. Практикувајте го овој третман еднаш неделно во период од 2 месеци.