Најефикасната домашна смеса за кадифено меки раце – Брзо ја елиминира грубата кожа
Сувите раце пропратени со груба кожа се еден од најчестите козметички проблеми со кои се соочуваат милион дами ширум светот. Неправилната или недоволна нега, стресот, како и постојаната изложеност на надворешни фактори придонесуваат за негова појава.
Но, без грижи, токму денес ви откриваме која домашна смеса се смета за најдобрата за отстранување на грубата кожа и мртвите клетки, а благодарение на која за час ќе добиете кадифено меки раце!
Домашен пилинг за кадифено меки раце
Потребни состојки
- 1-2 супени лажци шеќер
- 1-2 супени лажици маслиново масло
Начин на подготовка и употреба
Сè што треба да направите е да измешате шеќер и маслиново масло во еднаков сооднос, а потоа со добиената смеса истријте ги вашите рацете. Со прстите убаво масирајте ги дланките за да ги отстраните сите мртви клетки од кожата.
На крај рацете измијте ги вода и нанесете соодветен хидратантен крем. Практикувајте го овој домашен третман неколку пати неделно.