Најефикасниот домашен раствор кој ги отстранува габичките за неколку дена
За подготовката на овој домашен раствор, ќе ви бидат потребни 30 ловорови листови. Истите поставете ги во емајлирано тенџере и исипете 3 литри вода.
Неопходно е листовите да се варат 30 минути, а по поминатото време отстранете го садот од оганот, покријте и оставете ја смесата да отстои дополнителни 15 минути
Следно, потребно е растворот да го исипете во соодветен сад и во истиот да ги потопите вашите стапала. Почекајте додека плочката на ноктите да омекне. Ова е исклучително важно, за да може растворот да навлезе длабоко во ноктот и да го елиминира габичното воспаление.
Потоа, пригответе смеса од 9% оцет и глицерин, мешајќи ги состојките во еднакви пропроции. Добиената смеса нанесете ја на стапалата, откако истите добро ќе ги исушите.
На крај, облечете чорапи и така оставете ги состојките да дејствуваат. По неколку часа, измијте ги стапалата на вообичаениот начин со сапун.
Ефикасниот третман ќе биде неопходно да се практикува од 3 до 10 дена, во завиност од степенот на самиот проблем.