Најефикасниот домашен рецепт за меки пети без пукнатини и мртва кожа – Mоќен ефект преку ноќ
Грижата за кожата е една од најважните секојдневни обврски во распоредот на секоја жена. Вообичаено во третманите за негата на лицето и телото, најчесто забораваме да се погрижиме за стапалата.
Поконкретно станува збор за петите, при кои најчест проблем се пукнатините и наталожените мртви клетки, кои даваат непријатен изглед и чувство на неудобност при чекорењето. Токму за оваа цел, денес ви го претставуваме најефикасниот домашен рецепт како брзо и лесно да добиете меки пети со беспрекорна кожа.
Домашен рецепт за меки пети без пукнатини и мртва кожа
Измешајте 3 кафени лажици оризово брашно, 1 кафена лажица мед и 2-3 капки јаболков оцет. Добро измешајте ги состојките, до добивање на густа паста. Потопете ги стапалата во ладна вода за 10 минути, а потоа направете нежна ексфолијација со домашната паста.
Оризовото брашно ја прочистува кожата, медот е природен антисептик кој помага за заздравување на испуканите пети, а оцетот ја омекнува кожата и ги елиминира мртвите клетки.