Најјакиот шопинг трик: 4 проверени методи како да ги премерите фармерките и панталоните, без да ги облекувате
Дали некогаш ви се случило да ви се допаднат некои фармерки или панталони, но поради некоја причина, се брзате или слично, не можете истите да ги пробате?
Можеби имате само 5 минути слободно време, а и како што сите знаеме, различни бутици и брендови имаат свои различни стандардни за големина, па тоа што некаде е број 38, во друг бутк е 40.
Затоа денес ви имаме подготвено неколку чудесни трикови со кои ќе им кажете збогум на ваквите ситуации кои долго време ви одеа на нерви:
За да се вратите дома, без да се разочарате дека новиот купен производ не ви е точен, постојат неколку совршени методи како да ги премерите фармерките и панаталоните, без да мора да ги облекувате.
Трик бр. 1
Обвиткајте го појасот на закопчаните панталони околку вашиот врат. Ако краевите се собираат или доближуваат едни до други, тоа е точната ваша големина. Овој трик е функционален бидејќи периметарот на вратот е еднаков на периметарот на половината.
Трик бр. 2
Преклопете ја раката со вашиот лакт и дланката свиткајте ја во тупаница. Така заземената положба на раката треба слободно да можете да ја сместите во горниот отвор на панталоните и така ќе дознаете дали тоа е соодветната големина за вас. Доколку пак одберете панталони или фармерки со висок струк, тогаш раката не треба целосно да може да влезе во отворот.
Трик бр. 3
Поставете го појасот на панталоните на едната страна, околу вашата половина, односно околу вашиот струк. Ако размерот точно се поклопува со половината, сметано и од напред и од назад, односно доколку фармерките точно го покриваат растојанието од половината на вашиот стомак до половината од истата страна на вашиот грб, тогаш тоа е совршената големина за вас.
Трик бр. 4
Покрај тоа дали во горниот дел панталоните ќе ви бидат точни, и нивната должина е од голема важност. Ако погрешите со подолги панталони, ќе можете да ги превиткате или пак да ги скратите, но нема решение доколку земете пократки панталони или фармерки. Должината можете да ја проверите на следниот начин: Завртете ги панталоните со отворот кон надолу и земете по еден крај во едната и другата рака. Исправете се и раширете ги рацете. Должината ќе биде совршена за вас, ако средината на панталоните се најде точно под вашата брада, поставени на нивото на вратот.
Со овие 4 чудеси и ефикасни трикови ќе го скратите непотребното време за шопинг и дома ќе си отидете задволни со новите купени фармерки или панталони, без претходно да сте ги облекле.