Најлесната домашна замка за комарци, со ефект кој трае цела година!
Летото е можеби омилената сезона на речиси секој, токму поради летните одмори, слободното време кое може да го поминуваме во природата, нашите двори и балкони. Но, со овој период, покрај забавата и убавото време, ни доаѓаат и здодевните комарци.
од кои понекогаш ни се чини дека нема спас! Без грижи, денес ви откриваме како
Направи сам: Домашна замка за комарци од пластично шише
Ќе ви биде потребно
- 1, 5 литарско пластично шише
- 1 шолја топла вода
- 2 супени лажици шеќер
- 1 кафена лажица сув квасец
- Парче темна крпа, весник или фолија
Начин на подготовка и употреба
Исечете го горниот дел од пластичното шише, така што ќе биде еднаков на една третина од должината на целото шише.
Исипете топла вода (не потопла од 30°C) на дното на шишето. Додадете го и шеќерот и добро измешајте. Потоа додадете го квасецот и добро измешајте ги состојките.
Поставете го исечениот конусен дел во шишето, со грлото свртен надоле. Ако деловите не си одговараат, може да ги залепите со лепило. Така, јаглеродниот диоксид ќе излегува само преку грлото и инсектите нема да се таложат однадвор.
Следно, завиткајте го шишето со крпа или весници и прицврстете ги нивните краеви.
Поставете ги готовите замки во темни агли на просторијата. Комарците ќе бидат привлечени од мирисот на ферментацијата, како и од недостатокот на светлина. Кога ќе се обидат да излезат надвор од шишето, тие ќе се приближат до грлото, но порано или подоцна, поради тесната дупка и лепливи ѕидови, паѓаат во водата и умираат.