Благодарение на нивната способност за камуфлирање, здодевните молци можат неприметно да живеат во сечиј дом и да ги уништуваат оние предмети кои најмногу ги привлекуваат.

Популарната руска блогерка Олга Папусева тврди дека целиот нејзин живот успешно се бори против молците благодарение на еден необичен, но многу едноставен трик.

Станува збор за обични костени. Доволно е да ја исчистите средината на костенот од неговата тврда лушпа и да го сомелете составот. Добиениот прав може директно да го нанесете врз полиците во вашиот плакар, а истиот ќе ги спречи молците да се доближуваат до вашите алишта.

Тоа се должи на фактот што растенијата со силен мирис совршено ги одбиваат овие инсекти, па затоа лавандата, здравецот, каранфилчето и слични, покрај тоа што на вашиот плакар ќе му дадат пријатен мирис, истовремено ќе ја заштитат и облеката од штетниците.