Најлесниот начин на чистење на машината за перење, кој секој треба да го знае
Не секој редовно ја чисти машината за перење, бидејќи ни изгледа дека секојдневното прочистување со водата и прашокот за алишта е сосема доволно за нејзино одржување.
Но, всушност ова е сосема неточно. По секое перење, во машината се наталожуваат масни наслаги и бројни нечистотии и токму поради овој факт, од голема важност е машината посебно да ја чистиме, за да го продолжиме нејзиниот животен век.
Најлесниот метод за ефикасно чистење на машината за перење
Ќе ви биде потребнo:
- 780 мл оцет
- 45 гр сода бикарбона
- 60 мл вода
- Сунѓер
Начин на подготовка и употреба
Во мал сад измешајте ги содата бикарбона и водата. Ова е еден вид на средство, со кој ефикасно ќе ја исчистите вашата машина за перење. Добиената смеса поставете ја во делот каде што вообичаено го додавате прашокот за перење. Директно во внатрешноста на машината исипете малку оцет, а потоа вклучете го уредот на максималната температура.
Преостанатата работа од методот ќе ја заврши самата машина за перење. По чистењето, неопходно е да ја избришете внатрешноста на уредот со сунѓер, за да го отстраните вишокот маснотии.